Енди Скот (41) од Плимут, првиот милион го заработил кога имал 26 години. Продолжил да го зголемува своето богатство сѐ додека на 30-годишна возраст останал без ништо поради економската криза.
Сепак, успеал да се издигне од пепелта и повторно да создаде империја, а сега вели дека конечно е во можност да се сврти кон создавањетосемејство и бара поволна девојка за брак.
Тој вели дека му треба „посебна личност“ која може со него да ги поминува летата крстарејќи по Медитеранот, а зимите на Алпите.
„Сакам семејство, но тешко е да се најде некој кој ќе ги исполни моите критериуми. Мојот терапевт ми кажа дека доколку се потрудам во потрагата по сопруга како што се потрудив во мојата работа сигурно ќе ја најдам вистинската“ – изјавил Енди за медиумите.
– Претприемачкиот живот значи осаменост, и ви треба некој со кого ќе поделите сѐ што е добро и лошо, да ги преиспитате своите избори – рекол Енди.
А, што бара Енди од партнерката? Таа мора да има кариера, да сака да биде мајка и да е со авантуристички дух. Енди не прецизира дека жената што ја бара мора да биде убава, русокоса, црна, вита или со облини, туку да тренира и да се гордее со својот излед.
.Деталниот список на Енди изгледа вака:
– Интелигентсна, единствена девојка која не се сфаќа себеси премногу сериозно и живеела интересен живот. Ѝ се гади просечноста и која успеала во нешто, што и да е.
– Жена која не е родена со „златна лажица во устата“, која сама нешто постигнала.
– Жена која води сметка за себе и својот изглед. Мора да вежба пет пати неделно и да се гордее со својот изглед.
– Жена која не е зависна од социјалните мрежи, која умее да го исклучи интернетот во реалниот живот.
– Жена која е достојна за доверба.
– Камелеон кој ќе се снајде во сите ситуации и која може подеднакво да присуствува и на гала настани, и на журки за тинејџерки. Жена која може да биде и сериозна и дете. Жена која може да биде и гламурозна и да ги засука ракавите.
– Жена која ја сака природата и прошетките, водата, едрењето и која не глуми принцеза туку може да се прилагоди на сите услови.
– Жена која сака да има семејство и сака деца, но исто така која сфаќа и дека животот не завршува со децата и дека семејниот живот мора и треба да биде интересен и полн со авантури.
FOTO: Tviter/Printskrin