Ова на денешната прес-конференција го соопшти извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.
– Сите ќе го известиме писмено дека ние не можеме да ја менуваме мерката притвор. Не можеме да му укажуваме на судијата, ниту да менуваме било какво судско решение – информира Пировска.
На новинарско прашање за двајцата обвинети за настаните од 27 април, Пировска информира дека кај нив е поднесена претставка за која, како што рече, е дадена гаранција, но повторно судијата утврди мерка притвор, а гаранцијата не им е вратена.
– Ние веднаш доставивме допис до Основниот суд Скопје 1 – Скопје во кој укажуваме на овие процедурални процеси кои за нас се несфатливи. Може или едното или другото да биде случај, не може и двете работи. Ако Кривичниот совет сметал дека треба да издржуваат мерка притвор тогаш треба да биде најден начин да им се врати гаранцијата. Сметам дека тоа е итно, потребно да се направи – изјави Пировска.
Се работи за началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна.