Миле Јанакиески повикан во обвинителството да даде исказ за „Шпанските скали“

1081

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска дава исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, поради што се одложи и денешното рочиште за „Т.Н.Т.“ каде тој е меѓу обвинетите.

Според неофицијлни информации на Плусинфо, Јанакиески, денеска дава исказ како осомничен во истрагата која летово ја отвори обвинителство за случајот познат во јавнота како „Шпански скали“.

Јанакиески е еден од единасетмината осомничени во истрагата и се товарат за незаконитости во продажбата на четири атрактивни локации во центарот на Скопје, покрај Вардар.

Меѓу осомничените се вработени во Министерството за транспорт и врски, во Катастар, нотари и др.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...