Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за денеска е повикан на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за истрагата за организаторите и нарачателите на настаните од 27 април 2017 година.
Тој првично за овој случај доби притвор во затворот во Шутка, а потоа таа мерка му беше заменета со домашен притвор.
Пред три дена, на распит беше и експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Покрај нив двајцата, во оваа истрага обвинителството ги сомничи и поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски, некогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, како и ексразузнавачот Никола Бошковски кој е во бегство во Грција.
Шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска, вчера изјави дека до прајот на мај ќе поднесе обвинение за случајот.