Миленко Неделковски на суд: Не се чувствувам виновен

419

Во Кривичниот суд во Скопје денеска започна судскиот процес против новинарот и водител Миленко Неделковски, обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет во врска со негоите објави за пожарите во Грција.

Тој на денешното рочиште рече дека не се чувствува виновен.

Според обвинителството, тој со коментарот на „Фејсбук“ промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Во текот на истрагата, обвинителот преку службите во МВР обезбедил детален документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на осомничениот на социјалната мрежа како и други докази.

Неделковски, пак, во текот на истрагата не дал свој исказ во обвинителството бидејќи не било достапен на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...