Своевремено популарниот Миленко Неделковски на својот профил на Фејсбук објави статус во кој тврди дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во моментов ни оддалеку не се поволни за да се излезе на предвремени парламентарни избори.
Миленко пишува:
„А бе што не ги објавувате резултатите што викендов ги добивте од мерењето рејтинг на партијата и функционерите во неа?
Не ви се свиџаат? Не ви одговараат?
“Математички прецизно” е измерено дека резултатите не се ниту “достоинствено решение” за да се излезе на вонредни избори?
Испитаниците да не ти сакале ручеци со сашоордановци, вљубеници во британските политички подметачини (Скрипл), кодоши (Глумац) и бодигарди на командант Форина.
Дајте бе мерењата. Да видиме колкав ви е?“
Инаку, во неколку статуси по ред, Миленко Неделковски го обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, дека организира ручеци со видни личности од јавниот живот, жестоки критичари на оваа партија.