Милевски на ФБ: Одговорноста е голема, но ја прифаќам и како лидер на ЛДП и како политичар!

Ќе работиме чесно, со намалување на непотребните трошоци и привилегии, заедно со сите кои имаат идеи, предлози и желба да помогнат во намерата да ги подобриме условите на сите граѓани, порача Милевски. 

610
Како претседател на ЛДП сакам да ја информирам јавноста дека синоќа Централниот одбор на ЛДП, донесе одлука да се прифати предлогот на мандатарот Заев, ЛДП да го предводи ресорот локална самоуправа. ЛДП донесе и одлука за министер во овој ресор да ме предложи мене, како претседател на ЛДП и со тоа да даде тежина на ова значајно за нас министерство, објави денеска на својот Фејсбук профил Горан Милевски, откако премиерот Заев го предложи за нов министер за локална самоуправа.
Истовремено, Централниот одбор му се заблагодари на досегашниот министер од редовите на ЛДП во Владата на РС Македонија, проф. д-р Зоран Шапуриќ за неговиот досегашен успешен ангажман како министер за подобрување на инвестициската клима. Локалната самоуправа од запоставен министерски ресор, ЛДП има намера да го направи еден од најважните ресори во државата. Сакаме да има “СИЛНИ ОПШТИНИ, ЗА СИЛНА МАКЕДОНИЈА” каква што беше заложбата на ЛДП уште пред точно 10 години, кога настапивме самостојно на Локалните избори во 2009 година под слоганот: СИЛНИ ОПШТИНИ, СИЛНА МАКЕДОНИЈА.
ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа. Таа можност ќе ја искористиме заедно со одличниот тим кој ќе го изградиме во самото министерство и со поддршка на премиерот и локалната самоуправа. Драго ни е дека претседателот на Владата, Зоран Заев, ги споделува нашите намери и идеи за засилување на локалната самоуправа. Ќе успееме ЗАЕДНО: – да ги подобриме услугите на граѓаните на локално ниво – да имаме зголемена децентрализација – да имаме силни општини – да имаме искористени европски фондови – да имаме поурамнотежен регионален развој – да имаме спремна државата за брзо затворање на поглавјето 22 во преговорите со ЕУ – да имаме конечно отворени листи за избор на советници – да имаме рамноправен третман на сите општини.  Одговорноста е голема, но ја прифаќам и како лидер на ЛДП и како политичар!
Ќе работиме чесно, со намалување на непотребните трошоци и привилегии, заедно со сите кои имаат идеи, предлози и желба да помогнат во намерата да ги подобриме условите на сите граѓани, порача Милевски. 
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...