Лидерот на ЛДП, Горан Милевски, на својот фејсбук профил, се огласи во врска со се поголемиот број скандали поврзани со доделените грантови од Фондот за иновации.
„Фондот за иновации наместо да проверува која од фирмите што добиле грантови е поврзана со власта (бидејќи тоа не било дел од критериумите), предлагам:
- Да го поништи целиот огласот,
2. Да ја распушти комисијата од тајни експерти кои одлучувале по пристигнатите апликации,
3. Да распише нов транспарентен оглас со јасни критериуми, преку кои јасно ќе се дефинира кои фирми имаат право да аплицираат, што е тоа иновација во компанија, ниво на износ на средства што може да го добијат компаниите.
Со грантови треба да бидат поддржани вистински иновативни компании кои имаат раст, развој, извоз и нов производ независно на која политичка определба припаѓаат и дали воопшто припаѓаат, тоа не треба да биде важно. Ако се транспарентни условите никој нема да биде против.
Го познавам лично Деспотовски и очекувам заради неговата чесност и квалитет да го направи вистинскиот чекор, прво заради себе а второ заради процесите кои ги водиме сите заедно во оваа влада“, напиша Милевски.