Горан Милевски, претседател на ЛДП и коалициски партнер на премиерот Зоран Заев преку фејсбук излезе со остра реакција на најавата на министерот за здравство Венко Филепче за задолжителното вакцинирање на децата, како услов да се запишат во градинка и во училиште.
Правото на избор, слободата на одлучувањето, се основни човекови права загарантирани со Уставот и никој несмее да ги наруши, вели Милевски.
– Никој нема право да ги уценува и присилува родителите да ги вакцинираат своите деца. Образованието треба да биде достапно за сите а во 21 век да им се заканувате на родителите дека децата ќе им останат неписмени ако не се вакцинираат е срамота. Ги отфрлам ваквите најави и жестоко ќе се спротивставам на конзервативизмот кој се промовира. Ова е класична дискриминација. Либералното општество мора да победи – пишува Милевски на фејсбук.