Мила Јововиќ по трет пат стана мајка

2668

Ѕвездата од филмовите „Петиот елемент„ и „Притаено зло“, актерката и манекенка Мила Јововиќ по трет пат стана мајка. Таа синоќа, на 45-годишна возраст роди девојче.

„Смешно е што мислев дека да се роди трето дете е нешто смешно. Но, морам да признаам дека сум многу нервозна. Се надевам дека следната објава ќе биде со нашата ќеркичка. Посакајте ми среќа“, напишала актерката еден ден пред да се породи.

Мила е во брак со режисерот Пол Андерсон (54), а веќе имаат две девојчиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...