Мила Москов го освои шестото место на Детската Евровизија ВИДЕО

Гласањето почна во петокот, преку интернет и беше бесплатно.

307

17. издание на Јунироска Евровизија започна спектакуларно како што му доликува на еден музички настан од светски размери.

Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.

И, овојпат главниот збор за победниците го имаа гласовите на публиката која имаше три дена за гласа за своите омилени песни.

Гласањето почна во петокот, преку интернет и беше бесплатно.

Но, иако Мила Москов со „Fire“ на Магдалена и Лазар Цветковски одлично се држеше и во еден момент беше трета сепак на крај, по собирање на гласовите од интернет, се пласира на шестата позиција.

Добрата песна, интерпретација, моќен глас и одличен стајлинг не може да не биде незабележано, како што беше случај и со Мила.

Победничка на годинашното издание на Детска Евровизија беше домашната натпреварувачка Вики Габор со песната „Superhero“ што пак значи дека Полска и наредната година ќе биде домаќин на изборот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...