Милан ќе се жали поради санкциите од УЕФА

48

Калчолигашот Милан на својата официјална веб-страница објави дека ќе поднесе жалба во Арбитражниот суд во Лозана (CAS), поради санкциите од УЕФА.

Росонерите беа казнети поради повреда на финансискиот фер-плеј.

– Милан ја прими одлуката на УЕФА со разочарување. Ние ќе поднесе жалба на оваа одлука до CAS – информираа „росонерите“.

Милан беше казнет со 12 милиони евра, исто така, ограничен му е бројот на пријавени фудбалери на 21  во евро-куповите следните две сезони и му е наредено до летото 2021 година да ги исполни барањата за финансиски фер-плеј. Во спротивно клубот ќе биде суспендиран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...