Милан пред исклучување од евро-куповите

505
ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI

УЕФА има намера да го исклучи Милан од Лигата на Европа поради повреда на финансискиот фер-плеј.

Според „Скај Спорт“, Европската фудбалска федерација отфрли уште една верзија на договорот за решавање на ситуацијата, предложена од Милан.

Покрај тоа, УЕФА има недоверба кон сопственикот на Милан, кој има сомнителна репутација во бизнис круговите.

Многу веројатно, Милан во случај на суспензија од европските купови, ќе поднесе тужба во Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

ФОТО: EPA/MATTEO BAZZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...