Милан Поповиќ: Северина ќе го посрамоти нашиот син кој наскоро тргнува во училиште

3856

Голите фотографии на Северина Којиќ го преплавија интернет, а по овој повод се огласи и нејзиниот менаџер, но и татко на нејзиното дете бизнисменот Милан Поповиќ.

– Се ова се случува откако Северина повторно победи во судската постапка. Вакви освети на бившиот партнер, местенки и обиди за дискредитација не се ништо ново. Се поставува прашањето има ли граници и со кои средства уште ќе се служи. Ќе ги преземам сите правни дејствија да ја заштитам Северина – вели Томислав Петровиќ, менаџер на Северина.

Се огласи и бизнисменот Милан Поповиќ, кој има син со Северина и вели дека е загрижен за синот.

– Северина имаше различни партнери во минатото со кои има нерасчистени односи. ѐна кој точно партнер господинот Петровиќ мисли кога изјави дека ова е освета на бившиот партнер. Себе се сметам за исклучително одговорен родител и јас сум последната личност која би ги пласиралафотографиите на кои мајката на мојот син е гола во компромитирачки пози, и за кои сум сигурен дека дополнително ќе го посрамоти и вознемири нашиот син кој наскоро ќе појде во училиште. Јас не можам, никој не може да го заштити од исмевањето на другите деца – вели Милан Поповиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...