Екипата на Милан синоќа загуби на гостувањето кај Торино со 2:1, иако до дваесетина минути пред крајот имаше водство преку Кшиштоф Пјонтек.
Торино до пресврт победата дојде со головите на Андреа Белоти кој погоди во 72. и 76. минута.
За Милан ова беше трет пораз во петте стартни рунди во Серија А. Со само шест бода од можни 15 „миланезите“ се на 13. место на табелата.
Торино со девет бода е на 6. позиција.
ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MARCO