На овој начин адвокатот на Димовски се обиде да го одбрани од обвинението дека покажувал да се отворат вратите на Собранието. Неговата одбрана со снимки од негови јавни настапи ќе се обиде да докаже дека тој постојано така гестикулирал со рацете.
– Судот ќе се увери од снимките кои ги доставивме, дека тоа го прави махинално и воопшто не е свесен за тоа – рече адвокатот Еленко Миланов.