Мизрахи: Јас сум Рашела Мизрахи горда Еврејка од Република Македонија

3207

Со аплауз на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беше проследен говорот на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи која на собраниската говорница се обрати по барањето на премиерот Оливер Спасовски таа да биде разрешена од функцијата.

– Уште не влезена во министерството како прва Еврејка министерво Република Македонија бев мета на антисемитски напади и ми ставија жолта ѕвезда. Наместо да ја оценуваат мојата работа тие ме напаѓаа по верска и национална основа. Хајката против Еврејката Рашела Мизрахи, со спин докторите на власта кулминира со ефтина театарска приказна наречена – таблата. Гревот за непроменетата табла наместо на Мила Царовски ја истурија врз мене. Пратеници не ја прашувајте Рашела Мизрахи, туку Мила каде е таблата. Јас никогаш не сум ги прекршила Уставот и законите. Јас сум Рашела Мизрахи горда Еврејка од Република Македонија – рече Мизрахи.

Интегрално обраќањето на Мизрахи:

„Ми претставуваше посебна чест и задоволство да им служам на граѓаните. Дами и господа да е биде министер во техничка Влада во услови на поодмината и долготрајна политичка криза е голем предизвик. Но желбата да им се помогне на граѓаните е вредна , човек да се соочи со сите предизвици.

Нарушените меѓучовечки односи, не постоење на вредности, распаднат систем, криење на проблемите, очајни граѓани, исплашени вработени во министерството. Тоа се проблемите на министерството за социјална политика. Уште не влезена во министерството како прва Еврејка во истиријата на Македонија, назначена за министер во Влада, бев мета на антисемитски напади од лица кој ниту бираа средства, ниту начин и зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа ја критикуваа мојата верска и национална припадност. И ме обележаа со жолта ѕвезда.

Јас разбирам дека право и должност на секој совесен граѓанин е да ја критикува јавната личност, односно политичарот кој сепак е одбран од него. Но не можам да разберам кога некој ве критикува, поради верската и национална припадност. Последен што тоа го правеше е Геблс. Луцидните напади ги осудија и претставниците на ОБСЕ и ОДХР во Македонија, а за волја на вистината со бледо соопштение против ова излегоа и токму оние кои го оркестрираа.

Почитувани пратеници, сите тие напади кон мене кои започнаа со антисемитизам се засилуваа со секој мој јавен настап во кој со факти и докази и презентирав на македонската јавност дека системот е дисфункционален, а мнистерството на труд и социјална политика е блокирано со илјадници нерешени предмети, ужасна кадровска политика и сето тоа на грбот на граѓаните. Конечно хајката против еврејката Рашела Мизрахи, немајки за што друго, спин докторите на партијата на власт и нивните гласно говорници во очаен обид да ја прикријат вистинската слика за она што се случува во државата и министерството, погубните политики на СДСМ чии лидери бараат спас од нас, наместо да се фатат со својата работа, заврши и колуминиира со ефтина тетарска претстава наречена „Таблата во Министерството за Труд и социјакна политика“ .

Наместо да ме остават да им помигнам на болните, инвалидите, децата и најранливите во ова општество и помогнаа на вицепремиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата од само за нејзе познати причини да ми биде препишан на мене. Па намето таа да објасни за натрупаните нерешени случаи за донесеното законоско решение „Keys management“ кое е апсолутно дисфинкционално за криминалиите кои ги направила врз синдикатите со сета сила најлесно беше да ја истури својата неспособност и некомпетенстност а некој друг и да го обвини за истото.

Почитувани пратеници не ја прашувајте Рашела Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла. Јас сум граѓанин на Република Македонија кој никогаш не го прекршил ниту Уставот ниту законите. А Република Македонија е таа затоа што за неа на деветнаесет години загина народниот херој Лиман Каба, Република Македонија е затоа што Бабисадо Хамезе за неа изгуби нога во втората светска војна, Република Македонија е затоа што мојата баба Ризова Трајанка и нејзината бригада „Добри Даскалов“ пет години крвареа. Поради Коста Солев Рацин, Македонија е поради Јордан Пиперката, Даме Груев и Карев. Република Македонија е затоа што нејзината иднина лежи на нејзината историја. А без историја нема иднина. Реалноста денес е дека парламентарното мнозинство ја заборави историјата, барајки иднина. Јас сум Рашела Мизрахи горда Еврејка од Македонија, кажа во својот говор во Собранието министерката Мизрахи“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...