Мигранти тврдат дека Грција на сила ги враќа во Турција

76

Меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) ја обвини Грција дека насилно ги враќа во Турција оние мигранти кoи илегално пристигнуваат на нејзина територија.

Организацијата бара грчките власти под итно да спроведат истрага за тврдењата на 26 мигранти, кои изнеле сведочења дека биле изложени на насилство од страна на „грчката полиција и неидентификувани лица во униформи и со маски“, со цел да се вратат од Грција во Турција.

Според ХРВ, повеќе од овие случаи биле забележани на копнената граница меѓу Грција и Турција, долж реката Марица, во периодот меѓу април и ноември годинава.

Изминативе години Грција во неколку наврати беше обвинувана за протерување и присилно враќање на илегалните мигранти во Турција, но властите во Атина ги отфрлаа таквите обвинувања.

Според официјалните податоци, годинава е забележано драстично зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат од Турција во Грција по копнен пат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...