Осум мигранти, двајца од Ирак и шест од Пакистан, се пронајдени во патничко возило со скопски регистарски ознаки на автопатот Куманово – Табановце, кај клучката за село Костурник.
Како што соопшти полицијата, случајот вчера во СВР Куманово го пријавила мобилна екипа на Царинската управа.