МИА слави 21 година

54

„Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ е насловот на првата вест што МИА (Медиумската информативна агенција) ја емитуваше на 30 септември 1998 година, со што почна редовната продукција на информации до корисниците.

МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година.

МИА ангажира педесеттина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од државава и од странство.

МИА има дневна продукција од 300 до 350 вести и други прес информации на македонски, англиски и на албански јазик и развиена дописничка мрежа во земјава и во светот.

МИА произведува и специјални тематски потсервиси и дневни и неделни билтени, а исто така продуцира и Фото – сервис достапен преку веб-страницата на Агенцијата – www.mia.mk.

Согласно современите трендови во медиумите, МИА последниве години формираше и Видео – сервис, кој објавува на снимки и изјави од настани на интернет страната и Јутјуб каналот на МИА, како и директно емитување на видеа на нејзината веб страна и профилот на Фејсбук.

Корисници на МИА се електронските и печатените медиуми во земјава, македонските амбасади во странство, странски дипломатски и други претставништва и мисии во Северна Македонија, како и медиуми на наши иселеници во странство.

МИА соработува и со големите новински агенции – Европската пресфото агенција ЕПА, германската ДПА, британскиот јавен сервис Би-Би-Си, кинеската ХСИНХУА, иранската ИРНА, руската ТАСС, корејската ЈОНХАП, а сервисите на МИА ги користат и светските информативни сервиси Дојче веле, Слободна Европа, Гласот на Америка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...