МИА го суспендира новинарот Чилиманов

1770

Информативната агенција МИА го суспендира новинарот Цветин Чилиманов од работното место и тој до понеделник треба да се изјасни во врска со суспензијата, јавува  БИРН.

Дисциплинска комисија од државната агенција МИА ќе ги сослуша аргументите на Чилиманов и ќе достави предлог до директорот на МИА, Драган Антоновски, кој треба да ја донесе крајната одлука – дали тој ќе добие отказ од работното место, ќе биде казнет или пак нема да се соочи со никакви последици.

Чилиманов на Твитер цитираше статус на дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс, апелирајќи: „ До сите таксисти што ме следат, ако ви влезе оваа во кола, време е за чичко Кумплунг“.

Оваа реплика е од македонскиот филм „Самоуништување“, каде главниот лик, таксист кој го глуми Јовица Михајловски, ја носи на Водно девојката на неговиот син и ја силува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...