МЗ: Ќе се подобрат условите во здравството за пациентите и за вработените

305

Владата не се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, по предлог-ребалансот на буџетот усвоен на последната владина седница, соопшти Министерството за здравство.

– Со ребалансот на буџетот, средствата наменети за изградба на амбуланти во рурални средини во износ од 3 милиони денари се пренаменети во програмата 1а – изградба и реконструкција на јавни здравствени установи (ЈЗУ) кадешто во Министерството за здравство во тек е објавен оглас за реконструкција на ЈЗУ во коишто се планирани и амбулантите во руралните средини, со што предвидена е поголема сума на средства за оваа програма. Во наредниот период, значително ќе бидат подобрени условите во здравствените установи како за пациентите, така и за вработените – велат оттаму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...