МЗ: Од почетокот на епидемијата со морбили вакцинирани 37,189 деца

64
ФОТО: УНИЦЕФ ни ја пратија мејл

Министерството за здравство информира дека од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) заклучно до 06.09.2019 година на територија на Република Северна Македонија вакцинирани се 37,189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина.

– Од нив, 16.935 деца се вакцинирани во Скопје, додека пак во останатиот дел од државата вакцинирани се 20.254 деца. Во изминатата недела, во Скопје вакцинирани се вкупно 28 деца, а во останатиот дел од РСМ вакцинирани се вкупно 691 дете (предучилишна и училишна возраст). Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.237 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст – се наведува во соопштението.

Од декември 2018 година, како што наведуваат, регистрирани се 1,898 случаи на мали сипаници во Република Северна Македонија.

– Остануваат на сила препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица – се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...