МЗ: Нема да дозволиме со лаги и манипулации ВМРО-ДПМНЕ да го нарушува јавното здравство

123

Министерството за здравство најостро ги демантира невистините на ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да лажат и да ја злоупотребуваат јавноста. Нема да дозволиме со лаги да ја манипулираат јавноста и со тоа да го нарушуваат јавното здравство.

– Внуката на министерот Филипче е вакцинирана во амбулантата Идадија -МлинБалкан со вакцина ДиТеПер, онаа која и следуваше согласно вакциналниот календар. Објавата од вакцинацијата на неговата внука е само личен пример со кои ги охрабруваме граѓаните да не се плашат од вакцинација и да докажеме дека вакцините за сите деца се безбедни. Ги повикуваме сите родителите чии деца не се вакцинирани да ги вакцинираат. Вакцините се комплетно безбедни, со проверен рок и од европски производител – соопштија денеска од Министерството за здравство.

Оттаму нагласуваат дека вакцинацијата е придобивка на современата медицина.

– Нашата одговорност се граѓаните и секојдневно се грижиме за нив. Затекнавме здравствен систем кој е пеплосан од злоупотреби цели 11 години, немотивиран здравствен кадар, лекови од непознати производители и сомнителен квалитет, донесени со паралелен увоз. Затекнавме 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје. Затекнавме комплетно изгубена доверба на родителите и во квалитетот на вакцините и во здравствениот систем кој беше во тотален хаос – велат од ресорното Министерство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...