Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го совлада АВ Охрид со 80:89 на гостувањето во салата во „Билјанини извори“ во петотто коло на Суперлигата.
Домаќините одлично го започнаа натпреварот и на крајот од првата четвртина имаа водство од еден поен (21:20). Втората четвртина МЗТ почна да се консолидира и на паузата гостите заминаа со два поени предност (41:43).
Клучна за МЗТ беше третата четвртина за време на која создадоа комотна предност од 48:64.
Гостите ја сочуваа предноста до крајот и триумфираа со конечни 80:89.
Бојан Трајковски со 24 поени и девет скока беше најефикасен кај МЗТ, а во редовите на АВ Охрид нивниот нов кошаркар, Мирза Ахметбашиќ, кој го заврши натпреварот со 21 поен.