МЗТ Скопје со 3:1 во полуфиналната серија против Блокотехна обезбеди пласман во финалето од плејофот.
Актуелниот првак на гостински терен славеше со 72:74 во четвртиот меѓусебен дуел.
Ова беше најнеизвесен дуел во полуфиналната серија, а во текот на целиот натпревар двете екипи и покрај обидите не воспоставија посериозна предност.
Победникот беше решен во самиот финиш, а МЗТ на минута до крајот имаше предност од 67:72.
Но, домаќините успеаа да намалат на два поени разлика и имаа шут за победа, меѓутоа Данило Мијатовиќ промаши тројка за Блокотехна.
Кај МЗТ најефикасен беше центарот Андрија Бојиќ со 22 поени и 11 скока, а Мијатовиќ со 17 поени беше најдобар стрелец кај Блокотехна.
МЗТ во финалето од плејофот ќе се соочи со Работнички.