Екипата на МЗТ Скопје немаше проблеми и го совлада Кожув со 89:62 во кошаркарскиот Куп на Македонија, со што си закажа полуфинале против вечниот ривал, Работнички.
Тимот од „Градскиот парк“ претходно го совлада Куманово со 104:80.
„Металците“ тргнаа силно и шрвиот дел го добија со +14 разлика (24:10) а потоа предноста само се зголемуваше, за да на крајот да слави со убедливи 27 разлика.
Најефикасен кај тимот од Аеродром беше Дамјан Стојановски со 15 поени, по десет реализираа Младеновски и Самарџиски. Во составот на Кожув, Вилијамс постигна 15 поени.
Утрешното полуфинале се игра од 20:15 часот во истата сала во Гевгелија.