„Ме удираше по глава, ме шутираше по раната од царскиот рез“, сведочела Беквалац

Наташа одговарала на прашања на адвокатите на Лука, кои инсистирале таа повторно да опише што се случувало во нивниот стан.

1277

Српската пејачка Наташа Беквалац пред судот во Белград дала исказ за кривичната пријава за семејно насилство, што ја поднела против сопругот Лука Лазукиќ.

„Србија данас“ пренесува дека нејзиното сослушување траело три и пол часа, а во текот на давањето исказ не сакала да го погледне сопругот. Сапак, според објавите во српските медиуми, паднале тешки зборови.

Наташа одговарала на прашања на адвокатите на Лука, кои инсистирале таа повторно да опише што се случувало во нивниот стан, на што таа наводно рекла: „Ме удираше по глава, по раце, ме шутираше по раната од царскиот рез и ме влечеше по под“ – навел добро упатен извор, пренесува „Србија данас“.

Лука пак наводно бил бесен и тврдел дека се е лага и дека таа го удирала него и дека на неа треба да и се суди.

Следното рочиште било закажано за 1 ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...