Меџити: 90.000 гласачи Албанци го поддржаа концептот на консензус

Тој додаде дека е длабоко загрижен во врска со информациите на теренот за тивок но активен и организиран бојкот од страна на експоненти на албанската опозиција, кој значително се приметува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар.

545

Демократската Унија за Интеграција го поздравува одвивањето на изборниот процес, како во првиот така и во вториот круг и оценува дека изборниот процес е успешно завршен и е во согласност со европските стандарди, изјави Изет Меџити, шеф на изборниот штаб во ДУИ.

– На 21 април и денес на 5 мај, Северна Македонија покажа демократска зрелост за организирање и спроведување на европски избори, а најголеми победници се граѓаните и државата. Ние во Демократската унија за интеграција сме исклучително задоволни од одлучувачкиот придонес на ДУИ во двата изборни круга, што го овозможија цензусот и предноста на нашиот концепт. Ќе ги чекаме официјалните резултати подоцна во текот на ноќта, но секако дека успешниот процес е извонреден резултат. Нашите првични и неофицијални проценки се дека околу 90.000 наши албански гласови го поддржаа концептот на консензус, но секако ќе направиме детална анализа на секое избирачко место во наредните денови – Изјави Меџити.

Тој додаде дека е длабоко загрижен во врска со информациите на теренот за тивок но активен и организиран бојкот од страна на експоненти на албанската опозиција, кој значително се приметува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар.

– Но, и покрај овие деструктивни напори, прогресивните сили на граѓаните не дозволија кризни и злонамерни сценарија за државата и за Албанците. За среќа, движењето на земјата кон НАТО и ЕУ нема сила која може да ја спречи, а ние во ДУИ сме старатели и гарантот на ова патување – рече Меџити.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...