Меџити: Ќе испорачаме 80.000 гласови, во ДУИ немаме дилема дали да се поддржи Пендаровски

1508

Во вториот круг од претседателските избори, ДУИ ќе испорача 80.000 гласови за консензуалниот кандидат Стево Пендаровски, вели шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити.

– Ние во ДУИ и Албанците воопшто немаме дилеми дека треба да се поддржи број 3, бројот на консенсуалноста, на заедништвото, интеграцијата и рамноправноста – порачаа од ДУИ.

Од партијата велат дека бојкотот и помага на опозициската  ВМРО-ДПМНЕ и носи претседателска и парламентарна криза, како и дека ги ризикува НАТО и Европската Унија. Бојкотот, нагласуваат оттаму, ниту ќе обозможи привремен претседател, ниту ќе казни некоја партија, но ќе поттикне избори.

– Албанците во Северна Македонија имаат потреба од Претседател кој ја поддржува интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, кој го поддржува Охридскиот Договор и јазичната рамноправност и гледа партнерство во Вашингтон и Брисел. Заради овие причини, ние ги посетивме сите локални штабови во периодот помеѓу двата изборни круга и ги повикавме граѓаните масовно да излезат на гласање на 5 мај, додека утре на 2 мај, во Салата на Филхармонијата во Скопје, со почеток во 19:30 ќе одржиме централен објаснувачки собир каде г-дин Ахмети ќе им ги објасни на граѓаните ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај – повикаа од ДУИ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...