Да, вистина е, ние ги условувавме македонските партии за промена на името на државата, за промена на Уставот, за да станеме дел од НАТО и ЕУ, за да имаме двојазична држава, за да имаме претседател на Собранието, Албанец, за да постигнеме Договор со Бугарија, за ветинг, за работни места за Албанците, за унапредување на администрацијата и други. Ова наше условување ја донесе нашата земја во НАТО, на прагот на ЕУ и на целосната етничка рамноправност.
Ова денеска на прес-конференција го порача потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити како одговор на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека коалицијата СДСМ и Беса нема да дозволи да биде уценувана од партиите на Албанците прри формирање на владата.
Оцени дека „ова прогресивно условување ги натерало македонските партии да бараат и да најдат маргинална албанска партија која жедна за власт прифаќа безусловна коалиција“.
– Ние како најголема албанска партија и гарант на Охридскиот, Преспанскиот и договорот за добрососедство, имаме задача да ги заштитиме правата на Албанците и затоа не може да има влада во ова земја без албанскиот победник на демократски избори. Албанскиот преставник во владата го определува волјата на Албанците, а не волјата на сојузите и канцелариите – рече Меџити.
Фото: МИА