Британската премиерка Тереза Меј наводно имала солзи во очите кога ѝ било кажано дека пратениците немаат веќе трпение за денот кога таа ќе го најави своето заминување.
Таа се бореше да го оддржи својот договор за Брегзит во живот и да си ја пролонгира својата позиција, но нејзината моќ се намалила, пренесуваат британските медиуми.
На Меј ѝ било кажано дека таа мора да си замине до 30 јуни најдоцна, за ториевците да можат да одржат избори за лидер. Кампањите за оваа позиција веќе почнале со Борис Џонсон соопштувајќи дека „ќе се бори за тоа“.
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS