Меј: Здружено да се спротивставиме на надворешните влијанија на Русија

346

Важно е здружено да се спротивставиме на надворешни влијанија на Русија во сите овие земји, порача премиерката на Велика Британија Тереза Меј за влијанието на Русија во регионот и додаде дека тоа им е познато, спомнувајќи го и случајот во Солзбери.

– Ние препознавме и ја видовме Русија како се однесува кон Западен Балкан и во цела Европа. Дел од тоа се однесува на една пропаганда, на злоупотребата на информации, кибер напади. Со Заев се осврнавме и на реалниот напад со употреба на нервен гас во Велика Британија. Важно е сите да се здружиме во справувањето и спротивставувањето на овие надворешни влијанија на Русија во сите овие земји. Затоа поддршката што ја добивме од Македонија и од други земји беше од големо значење за нас. Сакаме да обезбедиме дека низ цела Европа ќе можеме да се здружиме и да работиме заедно за да ги браниме вредностите кои се темелот на нашите демократии, рече Меј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...