Британската премиерка Тереза Меј синоќа изјави дека договорот за излегување на Велика Британија од Европска унија е 95 проценти готов, додека најновата анкета покажува оти 54 отсто од Британците би гласале за останување во Унијата.
Меј наведе дека е убедена оти решението за Северна Ирска, кое во моментот е точка на несогласување во преговорите за Брегзит, ќе биде пронајдено до рокот за постигнување договор, што истекува во март следната година.
Резултатите од анкетата нарачана од телевизијата „Канал 4“ покажуваат дека ако повторно се гласа за излез од ЕУ само 46 отсто од Британците би ја поддржале таквата одлука, за разлика од референдумиот одржан во јуни 2016 годиниа, кога одлуката за Брегзит беше донесена со 51,9 отсто од гласовите „за“ и 48,1 проценти „против“.