Мејведер ќе заработи 9 милиони долари за новогодишната битка со Нацукава

180

Поранешниот светски шампион во бокс во пет категории, Флојд Мејведер, ќе добие 9 милиони долари за борбата со Теншин Нацукава.

Егзибициската битка ќе се одржи во новогодишната ноќ во Сајтама (Јапонија) во рамките на галавечер, организирана од „Ризин“, и ќе биде по правилата на професионалниот бокс. Дуелот ќе биде во три рунди од по три минути, а резултатот нема да влезе во статистиката на натпреварувачите.

– Ако ви кажам дека ќе заработам 9 милиони долари за 9-минутен спаринг во Токио, ќе го направевте ли истото, ако бевте на мое место? Сакам да го наречам ова 9-минутна прошетка, напиша Флојд на Инстаграм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...