Меѓусебна престрелка на поддржувачите на Гуаидо и Мадурас ВИДЕО

334

За време на митингот предводен од опозицискиот лидер во Венецуела, Хуан Гуаидо, пред воената база во Каракас, дошло до пукотници од страна на група луѓе во воени униформи кои се во придружба на Гуаидо и војниците кои го поддржуваат претседателот Николас Мадуро.

Претходно, венецуелските безбедносни сили фрлија солзавец на Гуаидо и неговата група.

Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.

Тој на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.

– Националните вооружени сили донесоа исправна одлука и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ – рече тој.

Владата на Венецуела соопшти дека тоа е мало востание и го обвини Гуаидо за започнување државен удар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...