На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на денешата седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од формирање на Меѓуресорска работна група која ќе предложи модел на реформа на безбедносно – разузнавачкиот систем во Република Македонија со План за негово воспоставување, соопшти Владата.
– Министерот за внатрешни работи во рок од 3 дена од добивањето на номинациите е задолжен да достави до Владата Предлог одлука за формирање на Меѓуресоска работна група која ќе предложи Модел на реформа на безбедносно – разузнавачкиот систем во Република Македонија со План за негово воспоставување.