Меѓународен натпревар со 250 пчелари, ќе се доделуваат медали за квалитет на медот

Настанот е во организација на Здруженијата на пчелари „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ од Тетово.

419

Cвечена церемонија за доделување медали од Првиот меѓународен натпревар за квалитет на медот „Tetovo honey award 2019“ ќе се одржи денеска во просториите на Општина Тетово.

На натпреварот учествувале околу 250 пчелари од 15 европски и балкански држави.

На настанот ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство Трајан Димковски и градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи.

Настанот е во организација на Здруженијата на пчелари „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ од Тетово, а финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку мерката за техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...