Меѓаши“ прославува 27 години од постоењето

45

Првата дестска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска го слави својот 27-ми роденден. Меѓаши е најстара граѓанска организација во земјава за заштита на правата на детето, основана на 29 април 1992 година во Скопје.

Таа ги застапува и заштитува правата на децата, се залага за одговорно родителство и почит кон детската личност. Нејзиното главно мото е „Сите идеали на светот се побезначајни од солзите на едно дете“.

Меѓаши континуирано работи на зајакнување на граѓанското движење за доброто на децата и функционалност од страна на институциите во најдобар интерес на детето. Амбасадата го промовира мировниот активизам и волонтерство, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство.

-Во изминатиот период (1992-2019) Амбасадата ја остварува својата дејност спроведувајќи мониторинг на детските права и промоција на правата на детето во Република Македонија и пошироко, застапувајќи ги потребите и интересите на децата пред институциите и пошироката јавност; преземање иницијативи за унапредување на законската регулатива за заштита на децата во Република Македонија и нејзина имплементација како и активности за институционализација на мировното образование . Овие домени остануват од примарен интерес и во наредниот период, велат од Меѓаши.

Нагласуваат дека нивни клучни вредности и принципи во работењето се: Партиципација (учество, вклученост) на децата и возрасните во процесите на одлучување за прашања кои се од нивен интерес; Волонтерски пристап во заштитата на правата на децата; Промовирање и практикување на мир, ненасилство и почитување на ставовите и однесувањата на другите; Еднакви можности за сите во остварувањето и почитувањето на нивните права; Отчетност, одговорност и непартизираност во работењето на организацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...