Да се постават безбедносни камери во градинките за да се гледа како вработените се однесуваат со децата, бараат загрижени родители.
Тие своето барање го испратиле до правата детска амбасада „Меѓаши“.
Барањето следи по неодамнешниот случај во гевгелиската градинка каде со навредливи зборови негувателка ги смируваше децата.
Од „Меѓаши“ деенска информираа дека барањето е испратено до Министерството за труд и социјална политика.
– Врз основа на иницијатива на граѓаните испративме писмо во кое бараме да ни дадат инфомрации дали размислуваат за воведување на една ваква алатка каде што родителите веќе пројавуваат одредена загриженост и недоверба во однос на институциите каде што децата им се доверени на чување, воспитување и згрижување – изјави Драги Змијанац, директор на прва детска амбасада „Меѓаши“.
До Министерството за труд и социјална политика, во последниве 3 години пристигнале 11 поплаки за воспитувачи од државните градинки, во кои родителите се пожалиле на несоодветен однос кон децата.