Победата на возачот на Ферари, Себастијан Фетел, во Бахреин остана во сенка на инцидентот во кој Кими Раиконен го повреди механичарот Франческо Сигарини во пит-стопот на Ферари.
Тој веднаш беше префрлен во болница и со оперирација и му беше санирана двојната скршеница на левата потколеница.
Сигарини ден по несреќата изјави дека се чувствува добро и среќен е што Ферари сепак победи.
– Операцијата помина во ред. Им благодарам на сите кои се грижеа за мене. Ништо повеќе, само големо благодарам – напиша на Инстаграм механичарот на Ферари.
Тој во следните неколку дена ќе биде транспортиран од Бахреин во Италија, каде ќе продолжи со лекувањето.