Оскаровецот Метју Меконахи (49) ќе стане професор на Универзитетот во Тексас, каде есенва ќе предава на катедрата за радио, телевизија и филм, пишува „Тајм“.
Меконахи во 2015 година веќе беше гостин предавач на водечкиот кампус во Остин, а Универзитетот деновиве соопштил дека ова именување е знак дека „неговото исклучително работење како учител и ментор“ се препознава.
Универзитетот тврди дека Меконахи е почитуван поради неговата „подготвеност да работи со студентите надвор од училницата“.
Меконахи се стекнал со диплома од областа на филмот во 1993 година на тексашкиот Универзитетот во Остин.
Предавањата, наводно, ќе бидат засновани на филмовите на Меконахи, како филмот Mud нa Џеф Николс од 2012 година и The Gentleman на Гај Ричи, што треба да се појави на крајот на јануари в година.
Актерот досега имал улоги во повеќе од 50 филма, вклучувајќи ги и „Интерстелар“, „Како да изгубиш момче за 10 дена“, „Волкот од Волстрит“ и „Добри дилери од Далас“, за кои доби Оскар и Златен глобус.