МЕТРОТО Е ПОВАЖНО ОД ВАГАТА Обемот на стомакот е поризичен од вкупната дебелина!

Студија на истражувачи од Шведска покажува дека маснотиите во стомакот се поврзани со срцевиот и со мозочниот удар независно од другите фактори на ризик, како што се пушењето, дијабетесот, хипертензијата, индексот на телесна маса и превентивните третмани.

906

Мерењето на обемот на стомакот е поважно од мерењето на тежината, покажува едно ново научно истражување, пишува Си-Ен-Ен. Преживеаните од срцев удар, кои носат дополнителна тежина околу стомакот, се изложени на поголем ризик од уште еден срцев удар.

Најновата студија, што ја објави во понеделникот во Европскиот журнал за превентивна кардиологија, е прва во која истражувачи пронајдоа врска помеѓу маснотиите во стомакот и ризикот од последователен срцев удар или мозочен удар.

Врската е особено силна кај мажите, велат истражувачите.

– Абдоминалната дебелина не само што го зголемува ризикот за појава на срцев удар или мозочен удар, туку и ризикot за повторливи настани по првата несреќа – вели  д-р Ханих Мохамади од Каролинска институтот во Стокхолм.

Во студијата биле опфатени повеќе од 22.000 шведски пациенти по нивниот прв срцев удар. Пациентите биле следени скоро четири години, при што 1.232 мажи (7,3%) и 469 жени (7,9%) повторно доживеале срцев удар или мозочен удар. Повеќето од пациентите (78% од мажите и 90% од жените) имале абдоминална дебелина дефинирана како обем на половината од 94 см или повеќе за мажите и 80 см или повеќе за жените.

Студијата покажува дека маснотиите во стомакот се поврзани со срцевиот и со мозочниот удар независно од другите фактори на ризик, како што се пушењето, дијабетесот, хипертензијата, индексот на телесна маса и превентивните третмани. Истражувачите велат дека обемот на половината е поважен маркер од целокупната дебелина и ги советуваат лекарите да ги мерат половините на нивните пациенти за да ги идентификуваат оние што се во опасност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...