Метрополитен со рекордна посетеност во 2018 година

89

Најголемиот американски музеј, Метрополитен во Њујорк, кој има три локации во градoт, во 2018 година го посеиле 7.360.000, што е рекорд за една година.

Во претходната 2017 година, музејот имаше седум милиони посети. Ланскиот рекорд се должи на изложбата во Одделот за костими „Божествени тела” и „Микеланџело – божествениот сликар и дизајнер”.

– Инспиративно е тоа што њујорчани и посетителите од цел свет доаѓаат да ги погледнат нашите изложби, како и постојаните поставки и разните програми што ги организиравме и тоа е прекрасна почит кон светската уметност – изјави директорот на Метрополитен, Даниел Вајс.

Од посетителите, 32 отсто биле странци, од кои 14 отсто од Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...