Метлата како метафора

Што го натера актерот Драган Спасов-Дац, верен член на СДСМ кој се залагаше да победи Пендаровски, на предизборен митинг да му подари на премиерот Заев метла.

3062

Што го натера актерот Драган Спасов-Дац, верен член на СДСМ кој се залагаше да победи Пендаровски, на предизборен митинг да му подари на премиерот Заев метла. Така му отвори работа, и тоа тешка работа. На Заев му текна да ја олесни малку работата и предлагаше секој со таа метла да го чисти во својот двор. Протестираа жолчно комшиите: тоа е навреда за нас, под нашето достоинство, не сме ние ѓубре па премиерот да не брише со метла. Метлата е метафора за неизвршените работи, синоним на чистка. На крај на краиштата нашиот „газда“ бил командант и тој командува. На крај ние сме безгрешни луѓе но без власт не можеме да живееме. Така не научија веќе 18 години. Ако се деси премиерот да мете во просториите на екологија јас излегувам и веднаш влегувам во собата на политички систем, изјавуваше функционерот (за кого на прес секогаш зборуваше неговиот заменик) кој ниту екологијата ја разбираше ниту пак, знае што е политички систем. Еднаш се деси да зборува како министер и ја утна работата.

Не, не, велат од комшилукот. Имаме похрабра идеја. За нас метлата е ништо, одиме напред и секој предложен министер, функционер бил тој од локален карактер или централен ќе го носиме на проверка. И тоа се вика ветинг. Само за идните функционери и ништо повеќе. Законот нема да има ретроактивно дејство оти тогаш не знам дали во партијата ќе остане некој саглам член, без било какви коруптивни зделки.

Видете ги овие, ми раскажува еден пријател. Сакаат да ја парализираат државата. Тие можеби не знаат што е ветинг. Нека гледаат во соседна Албанија па ќе се уверат: државата долго време без државен обвинител а сега и без Уставен суд! Тоа е резултатот на ветингот.

 Млада партизанка да бидам

Претпоставувам дека Катица Јанева како мала сонувала прво да биде пионерка на Тито а потоа да биде млада партизанка. Како на филм со Бошко Буха. Да фрли бомби против окупаторите.

Тој сон нејзе и се оствари во нејзините зрели години. Скоро четири години (од 2015) ги активираше „бомбите“ на Заев кои имаа силен глас, потоа омекнаа. Стигна до бомбата 38 и тука застана. Не и даваат повеќе да фрли бомби како партизанка оти има ризик да пукнат во домовите на политичарите.

А ние се научивме со нив, едвај ги чекавме да држат прес: Катица да објави вести за сторени кривични дела, Ленче да прозбори нешто „интелектуално“ и потоа хоп, погоре кон звездите. Фатиме „се заборави“ и почна да псуе и им се закани на некои политичари. Но беа интересни а сега веќе не се. Се во очекување политичарите да кажат да или не. Ја разбирам Катица. Не можеш да казниш некој од чиј глас зависиш.

И кој кажа дека кај нас жените се неравноправни со мажите и затоа треба да се бориме за родова рамноправност. Дури жените кај нас се појаки од мажите. Мажите крадат, жените тап нив во апс. После пушти ги од апс, стави ги во куќен апс, потоа пушти ги.

Треба да се гордееме за активноста на жените функционери. По славниот пат на Катица, Ленче и Фатиме сега оди и Билјана. Само таа не е обвинителка а казнува. Замислите вие, повеќе од 500 казни ќе дели за кратко време. Да, ми вели мојот пријател, така е кога не работаат државните институции тогаш улогата ја преземаат антикорупциските комисии.

Претседателот кој возеше „југо“ и има свое его

Така влезе во предизборната кампања Стево Пендаровски. Човек од високо интелектуален калибар и скромен, човек кој смета дека целото задоволство на луѓето не е во парите туку во идеите и целите кои треба да ги исполнуваат во животот.

„Југото“ беше и останува симбол на скромноста и чесноста на еден човек.

Тој е прв претседател кој јавно се изјасни дека му пречат ротационите светла на возилата кога поминува низ улиците на Скопје и кој нема да ги користи не така големите бенефиции што ги уживаат поранешните претседатели (после нивниот  мандат) вклучувајќи ја тука и после мандатската пензија. На Иванов тоа му се простува оти после многу години на претседателски глупости и инаети толку е уморен што и „стокатниците“ на Џевахир Холдинг (кој се плаќа од парите на сиромашниот народ) тешко дека ќе го релаксира.

Кандидатот кого го поддржаа сите етникуми во земјата за време на кампањата имаше еден голем хендикеп оти една политичка партија јавно се изјасни неколку пати дека масовно ќе го мобилизира целото членство да победи Пендаровски оти со тоа ќе победи нејзиниот концепт на таканаречен консензуален претседател. Намерата беше големиот изборен успех во вториот труг на г-дин Пендаровски да го претставуваат како нивен изборен успех и концепт. Тоа беше чиста манипулација со јавноста. Со тоа тие сакале од претседателот кој има свое  силно „јас“ да направаат една кукла која ќе ја ставаат во која било витрина која тие ќе ја изберат.

Така г-дин Пендаровски неколку пати беше принуден да се дистанцира од тежината на корупциските и криминалните афери на таа партија и на сите тие кои се идентификуваат со органиизираниот криминал.

Првиот круг на избори јасно докажа дека „ангажманот“ на таа политичка групација во зголемувањето на бројот на гласачите кои би гласале за „консензуалниот“ кандидат даде скромни резултати и за малку госпоѓата Силјановска-Давкова ќе ги добиеше  изборите. И наместо таа партија да го признае сопствениот пораз на избори, потрча да објави дека „опозицијата и Река доживеа голем изборен дебакл!!!“

Веќе избраниот претседател Пендаровски реши да не дозволи и понатаму „таткото на Албанците“ да ги потцени гласовите на граѓаните Албанци (без ниедна партиска обоеност) дадени лично за кандидатот кого го сметаа за модел на иден  евроатлантски настроен модел на  претседател. Неговиот одговор беше јасен и концизен дека тој не должи никому за својата победа, освен на граѓаните. Изборот на соработниците на својот Кабинет, без консултација на самопрогласениот „газда“ беше доволен сигнал и порака дека Пендаровски ќе биде капитен на својот брод кој ќе плови со своја пловна карта а не со картата на политичките партии. И тоа го разлути политичкиот „консензуален визионер“.

 Само Албанците „со лиценца“ на ДУИ беа „добри“ Албанци!

Слушајќи ја веста за именувањето на Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање кој ја има поддршката и на агенциите на соседните земји, ДУИ премногу се потресе и нејзините високи функционери итно изјавија дека нивната партија е многу вознемирена за именувањето на професионалниот Муслиу се додека не се расчисти неговата можна вмешаност во кумановските настани.

Што се крие зад таа вознемиреност времето ќе покаже. Одговорот секако лежи во тоа да највисоките ДУИ политички претставници го прифаќат предлогот на обвинетите од Диво насеље, лидерите на оваа партија да сведочат за тие настани и на судница сигурно ќе излезе на виделина и евентуалната улога (ако ја има!) на Муслиу и лидерите на таа партија во тие настани. Дали се работи за некоја афера на функционери на ДУИ која тој евентуално во иднина би можел да ја обелодени или за нешто друго, времето ќе докаже.

Секако, потегот на претседателот Пендаровски укина една лоша и неславна  дводецениска традиција (наметната од ДУИ), Албанците да се вработуваат и напредуваат во кариера само со „лиценцата“ на оваа партија и никако по лични заслуги. Патот да се добие таа „лиценца“ беше многу тежок: се знаеше јавно кај кого да се јавиш, каков чеиз треба да носиш кај тој што те чека и потоа да чекаш тој  „едвај“ да го убеди Главниот да се заврши работата.

Со овие и слични постапки претседателот Пендаровски заслужува честитки и сметам дека и понатаму треба суверено да постапува и на тој начин уште повеќе ќе ја зајакне довербата во него кај обичните граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...