Метеоролози предупредуваат дека светот ќе се соочи со најтоплата деценија досега

501

Прогнозите покажуваат дека температурите на секои следни пет години веројатно ќе бидат за еден степен повисоки од нивото во прединдустрискиот период, наведува Британската метеоролошка служба.

Светот веројатно се наоѓа пред најтоплите десет години од кога почнало регистрирањето на температурните рекорди во 1850 година, тврдат научниците.

Во следните пет години постојат и шанси да се соочиме со година во која растот на просечната глобална температура би можел да биде поголем од 1,5 степени.

Еден и пол степен се смета за критичен праг за климатските промени.

Доколку податоците се совпаднат со прогнозите, тогаш декадата од 2014 до 2023 година ќе биде најтопла во последните 150 години.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...