Мета лапнал кромид, нема најава за апокалиптичен земјотрес на Балканот

2087
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Албанскиот претседател Илир Мета наседнал на лажна вест за апокалиптичниот земјотрес на Балканот, објавуваат албанските медиуми.

Имено, Мета во функција на претседтаел на Советот за безбедност упатил писмо до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка за да бара информации од релевантните институции за тој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.

Мета во писмото покрај што бара информации, напишал и оти е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.

Меѓутоа, веста за ваков земјотрес се воспостави дека не е точна, бидејќи грчкиот сеизмолог признал дека тоа е лажна вест.

– Никогаш не сум дал никакви предупредувања за земјотреси ниту сум бил во контакт со вашиот претседател. Сето ова е лажно и смешно – изјавил Целентис.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...