Мета изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата кај Ласкарци

66
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на патот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци.

На својот профил на Фејсбук тој напша дека е длабоко погоден и тажен од страшната вест и е духовно со семејствата на настраданите.

„Длабоко погодени и тажни од шокантните вести за загубените животи во трагедијата со автобусот на автопатот Скопје-Тетово. Во овие тешки мигови духовно сме до семејствата погодени од оваа трагедија, до роднините и пријателите на жртвите и сите граѓани на Северна Македонија погодена од ова трагедија! Длабоко и искрено сочувство и братска солидарност! Искрени желби за брзо закрепнување на повредените“, напиша Мета.

Длабоко сочувство до најблиските на загинатите изрази и претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи.

„Сите сме силно потресени од трагедијата што се случи. Ја споделуваме длабоката болка со семејствата за загубата на нивните сакани. Братска солидарност со граѓаните на Гостивар“, изјави Ручи.

Претходно, длабоко сочувство до семејствата на загинатите изрази и премиерот Еди Рама наведувајќи дека „доуховно сме покрај семејствата на настраданите и пријателската земја“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...