Металург ќе го предизвика Вардар во финалето на Купот на Македонија

83

Металург се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако го совлада Еурофарм Работник со 21: 28 во вториот полуфинален натпревар на завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола.

Гостите од Скопје уште во седмата минута имаа водство од 3:6 и без поголеми проблеми ја одржуваа предноста. Металург на паузата замина со предност од 11:15.

Иако Еурофарм Работник во неколку наврати се обидуваше да се врати во игра, при што во почетокот на второто полувреме дури намали на два поени разлика (14:16), сепак остана без сила за целосен резултатски пресврт.

Металург направи серија со пет голови и во 42 минута ја зголемија предноста на 14:20. Гостите потоа воспоставија контрола над теренот и натпреварот го завршија со резултат од 21: 28.

Металург во финалето на Купот на Македонија ќе се соочи со бранителот на титулата Вардар, кој претходно го совлада Пелистер. Финалето се игра утре со почеток во 16:30 часот во Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...