Металург поразен од Бешикташ

83

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва во Скопје е поразен од Бешикташ со 30:22, полувреме 14:13.

Гостите од Истанбул до триумфот дојдоа со доминантна игра во второто полувреме во кое тимот од Автокоманда ја загуби свежината и немаше сили за посилен отпор како во првите 30 минути кога негативата изнесуваше само еден гол.

За турскиот претставник ова беше прва победа во годинашното издание од Лигата на шампионите, додека металурзите го запишаа и вториот пораз по оној од Спортинг во првата рунда.

На табелата во Ц групата води токму Спортинг од Лисабон со 4 бода исто колку и Прешов.

Вториот македонски тим во ЛШ, екипата на Вардар вчера го победи Кристијанштад и е лидер во А групата со две победи.

Фото: РК Металург

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...